Предвидоа можен судир на Земјата со Марс

од Vladimir Zorba

Геофизичарот Стивен Маерс и неговите колеги од Висконсинскиот универзитет во Медисон, САД, предвиде судир на Земјата и Марс после милијарди години, пишува весникот Scientific American. Истражувачите прават заклучок дека Сончевиот систем е хаотичен, односно однесувањето  е чувствително на промени во условите. Во конкретниот случај тоа значи дека дури и мали промени во елементи на орбитата на планетата може да предизвика по некое време значителна промена во општата динамика на системот.

Истражувачите истакнуваат дека во последните 50 милиони години орбитата на Земјата малку го менува својот облик во интервали од 2,4 милиони години. Климатските промени се забележуваат приближно со иста фреквенција.

Сепак, како што тврдат истражувачите, пред околу 85 милиони години периодичноста на измената била 1,2 милиони години. Удвојување на фреквенцијата на промените во климата научниците ги објаснуваат со интеракцијата на Земјата и Марс. Овој феномен, како што забележуваат научниците, е карактеристичен за хаотичните системи. Тоа значи дека Земјата и Марс во наредните неколку милијарди години може и да се судрат. Но, веројатноста од таква катастрофа, според експертите, е исклучително мала.

Слични содржини