Причина поради која никогаш не треба да се воздржувате од кивање

од desk2

 

Никогаш и никако не се обидувајте да го задржите кивањето. Особено со патворени нос и уста, затоа што поради тоа може да завршите во болница.

Еден, инаку здрав 34-годишен Британец почувствувал болка во грлото и почнал да кива. Се обидел да го спречи кивањето со затворање на устата и носот.

До моментот додека стигнал на лекар потполно го изгубил гласот и едвај можал да голта. Докторите го прегледале и слушнале звуци на пукање кои се простирале од неговиот врат до градниот кош.

Подонежните прегледи и снимање покажале дека од јачината на обратното кивање човекот си го продупчил ждрелото, дел од грлото под устата, а пред хранопроводот и гркланот.

Звуците на пукање биле од меурчиња воздух кои при кивањето, добиле забрзување триеќки се од меките ткива на вратот и просторот меѓу градниот кош.

Поради висок ризик од инфекција на вратот и грлото, човекот е примен во болница и ставен на инфузија..

Имал среќа,бидејќи по седумд деја грлото било доволно залечено за да може да биде симнат од инфузија, па набрзо заминал дома со препорака никогаш да не го спречува кивањето.

Лекарите велат дека вакви случаи се ретки но задржување на кивањето може да има опасни последици, како да се пукнат ушните тапанчиња, или да испукаат капилари во мозокот што може да има фатални последици.

Слични содржини