Приоритет на ЕУ е Западен Балкан

од desk2

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева денеска изјави дека е крајно време Балканот да се врати на дневен ред.

Таа вели дека очекува Србија и Црна Гора да отворат нови поглавја за време на бугарското претседателство со Европската унија, како и дека постои шанса Албанија и Македонија да ги почнат пристапните преговори.

Захариева, ден по бугарското официјално почнување со претседателството со ЕУ, вели дека земјите од Западен Балкан се важни за геополитичката сигурност и дек ако ЕУ не етаму, некој друг ќе дојде, пренесе Euractiv.com.

„Не постои вакуум, Турција и Русија се заинтересирани веќе со децении, затоа мораме да ја покажеме нашата политичка поддршка, да им покажеме дека ако и кога че бидат подготвени, вратата че им биде отворена“, изјави Захариева.

И претставникот на Европската комисија Жан-Клод јункер порача денеска дека бугарскиот приоритет – Западен Балкан – исто така, е приоритет на Европската унија.

„Вашиот приоритет – Западен Балкан, е и наш приоритет“, нагласи Јункер при посетата на Софија каде разговараше со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, пренесе BTA.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск вчера на свеченоста по повод почетокот на бугарското претседателство во Софија изјави дека „балканската приказна“ е поинтересна од сценаријата за серијата „Игра на тронови“ иако, како што рече, на Балканот нема змејови.

Туск рече дека желбата на ЕУ е „сегашноста и иднината на Балканотпомалку да личи на драмски текст“, а дека „стабилноста и благосостојбата е она што им треба на луѓето од регионот“.

Слични содржини