Продолжуваат извинувањата за клеветите против Јосифовски

од Vladimir Zorba

 

Интернет-порталите кои изминатите месеци објавуваа клеветнички написи поврзани со претседателот на управниот одбор на Макпетрол, Андреја Јосифовски, деновиве продолжуваат со јавните извинувања. Еден од низата медиуми кои објавија извинување е „Инфомакс“ – портал кој во изминатите месеци во повеќе наврати објавуваше невистинити текстови со измислени обвинувања кон Јосифовски. Ова, заедно со текстовите објавени на други портали, ги подгреа сомнежите дека во тек е нарачана и платена кампања за оцрнување на Јосифовски. Сега, порталите се принудени да се извинуваат и да се повлекуваат од објавените невистини, кои немаат допирни точки со новинарството.

on-line-sudНиту еден од порталите кои ги објавуваа клеветничките текстови, не се обратија за да побараат изјава и да ја слушнат втората страна, што е еден од темелите на објективното новинарство.

Очигледната тенденциозност на објавените лажни написи ја забележа и Сервисот за проверка на факти од медиумите, кој во неколку наврати реагираше и ги рецензираше ваквите непрофесионалните текстови.makpetrol-670x440

Последното извинување дојде од агенцијата „Макфакс“, чии уредници се повлекоа од објавениот напис во кој лажно се тврдеше дека Јосифовски бил инволвиран во криминал, односно преку офшор-компанија сакал да им наштети на акционерите. Претходно, извинувања објавија и порталите: Кајгана, Мкд.мк, Популарно.мк…

Андреја Јосифовски ги демантираше лажните написи поврзани со наводни офшор-компании во негова сопственост, по што уследи писмо од неговиот адвокатски тим до непрофесионалните портали кои ги објавиjа. Ваквите написи ги засилија сомневањата дека зад смислената и нарачана кампања против Јосифовски стојат луѓето поврзани со анонимната фирма „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“.Во изминатите месеци, новинарите-истражувачи објавија низа информации за  руско-украинските бизнисмени кои се обидуваат да го преземат Макпетрол, кои говорат за сомнителни зделки и корупција во нивното минато. Според досегашните случувања, нарачаните текстови против раководството на Макпетрол наликуваат на обид на овие „инвеститори“ преку лаги и клевети да го насочат вниманието на јавноста подалеку од нив и од нивното матно минато.

 

 

Слични содржини