Рускиот претседател Владимир Путин разговараше по телефон со својот турски колега Реџеп Тајип Ердоган, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Како што јави ТАСС, Песков за подоцна најави подробности од разговорот, кој се одржала на иницијатива на руската страна.

CUMHURBASKANI TAYYIP ERDOGAN, RUSYA LIDERI VLADIMIR PUTIN ILE 20 DAKIKA SUREN BIR TELEFON GORUSMESI YAPTI. GORUSMEDE, TEROR SALDIRILARININ AKABINDE DUZENLENEN OPERASYONLAR VE BOLGESEL KONULAR ELE ALINDI. PUTIN, SURUC'TAKI SALDIRIDA OLEN SIVILLER, SEHIT OLAN ASKER VE POLISLER ICIN TAZIYE DILEKLERINI ILETTI.

Кабинетот на Ердоган од своја страна соопшти дека телефонскиот разговор бил „многу плодотворен и позитивен“.

Ова е првиот разговор меѓу Путин и Ердоган откако во ноември Турција собори руски воен авион од типот Су-24 во реонот на границата со Сирија. Притоа едниот пилот беше убиен при падот по катапултирањето, а вториот беше спасен од сириската армија.

Во понеделникот Ердоган испрати писмо до рускиот претседател во кое изрази жалење за гранатирањето на авионот.

Од друга страна пак, денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, изрази сочувство до целиот турски народ во врска со терористичкиот напад во Истанбул.

– Сатанскиот масакр на аеродромот во Истанбул е заедничка, општа болка. Тероризмот не познава национални разлики, изјави портпаролката Марија Захарова.

– Во вчерашниот сатански масакр загинаа и беа ранети луѓе од најразлична национална, класна и верска припадност и од најразлични убедувања и погледи, нагласи Захарова. /MИА

Слични содржини