Рашковски не бил контрапленумец

од Vladimir Zorba

Името на генералниот секретар на новата влада, Драги Рашковски, медиумите повторно неправилно го поврзуваат со контрапленумот кој го организира претходната влада за да обезбеди поддршка на реформите во високото образование кои се однесуваа на екстерното тестирање на студентите.

Името на Рашковски и на неколку други професори во 2014 година беа неовластено искористени во списокот на контрапленумот, а тоа го потврдија и претставници на професорскиот пленум. Според објаснувањето од професорскиот пленум, Рашковски во тој период бил надвор од земјата и воопшто не бил консултиран за да биде вметнат во списокот на професори кои биле во контрапленумот.

Слични содржини