Пропаганда за лажни работни места, виртуелни, нереални инвестиции, фантомски гласачи, тоа е денешното интервју на Никола Груевски на Сител телевизија, реагира опозициската СДСМ на вечерашното гостување на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Сителовиот Дневник. СДСМ-седиште

Бројките за стотици илјади спорни и фантомски гласачи, наведува СДСМ, се дел од извештајот на ДИК за вкрстената проверка на податоците.

– Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ бегаат од теренска проверка. Мора да има теренска проверка согласно метологијата што ја утврдија и ја поддржаа сите членови на ДИК и мора да има чист избирачки список. Никола Груевски е уплашен од соочување со одговорноста и казната од граѓаните, пишува во реакцијата на СДСМ

Слични содржини