[РЕЦЕПТ] Ќофтиња со сос во рерна

од Vladimir Zorba

Состојки:
1 и ½ телешко мелено месо
1 јајце, скршено
1 чаша овесни снегулки
200 мл млеко
1 лажичка сол
¼ лажичка црн пипер
½ лажичка лук во гранули
½ супена лажица чили во прав
½ чаша сецкан кромид (може и млад)
За сосот:
1 чаша кечап
¼ лажичка толчен свеж лук
1 чаша кафеав шеќер
¼ чаша сецкан кромид
1 нотка свеж магдонос

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте ја со масло тавата за печење.

Во сад измешајте ги меленото месо, јајцата, овесните снегулки, млекото, солта, црниот пипер, лукот на гранули, чилито, како и половина чаша од кромидот. Оформете топки и подредете во садот.

За сосот:
Во одделен сад измешајте кечап, свеж лук, шеќерот, преостанатиот кромид. Промешајте и истурете врз ќофтињата.

Печете 1 час во загреана рерна. Откако се подготвени посипете со магдонос и сервирајте.

Слични содржини