За останувањето на Грција во еврозоната се изјаснија лидерите на САД и Кина.Претседателот на Државниот совет на Кина Ли Кецн дури и предложи финансиска помош, за да може да се излезе од кризата.

цип мерк

Претставник на Белата куќа изјави дека владата во Атина може да се договори со доверителите и да продолжи  со економскиот раст на грчката економија.Извори од грчката влада соопштија цитирани од Reuters дека земјата нема да го плати утрешниот  долг од 1-6 милијарди евра кон ММФ што практично значи прогласувањето на банкрот. Засега од рејтинг компаниите соопштија дека нема да го сменат рејтингот на земјата и ако тоа се случи, бидејќи ќе почекаат до  11 јули, кога Грција треба да и достасаат  нови обврски кон имателите на должничките обврзници. Во меѓувреме, во самата Грција се шири создавање на различни фотоколажи и стории во врска со ситуацијата и  тешки преговори. Еден од најуспешните е аналогијата со еротскиот филм “50 нијанси сива”, но со мала промена “50 нијанси Грција”.

Слични содржини