Амбасадорите на голем број западни држави во Македонија изразија сомнежи во тоа колку Владата во Скопје е препуштена на демократијата и европските вредности, откако не успева да одговори на обвинувањата за злоупотреба на службената должност. Така притисокот над премиерот Никола Груевски уште повеќе се зголемува по крвавиот викенд, коментира агенција “Ројтерс”.

zx450y250_2531085

Рано во саботата владата на Груевски нареди полициска операција против “албански терористи” во северниот етнички мешан град Куманово. Дојде до престрелка, во која загинаа осум полицајци и 14 “терористи”.

Невообичаено остриот тон дојде по месеци откритија од страна на опозицијата, која шири записи на Груевски и неговите доверливи лица. Според Западот тоа покренува сериозни сомневања за состојбата на демократијата во поранешната југословенска република.

На вчерашната средба со Груевски амбасадорите на САД, Франција, Италија, Велика Британија, Германија и ЕУ изразија сочувство за трагичната смрт на полицајците, кои загинаа во Куманово, и се приклучија на политичките лидери и граѓаните во осудата на насилството.

“Ги повторија своите грижи пред премиерот дека неговата влада не постигна напредок во тоа да одговори на многуте обвинувања за злоупотреба на службената должност, произлезена од откритијата. Тој континуиран пропуст фрла сериозна сенка на сомнеж во тоа колку Владата на Македонија е препуштена на демократските принципи и вредностите на евроатлантската заедница. Континуираниот неуспех во тоа да се демонстрира таква решителност со конкретни активности ќе го поткопа напредокот на Македонија кон ЕУ и НАТО “, пишува во текстот.

“Изразија очекување дека кај овие откритија на категорично неприфатливо однесување ќе бидат земени политички и законски мерки против одговорните. За справување со слабите институции повикуваме да се разгледаат специфични реформи, вклучително и за кредибилитетот на изборниот систем, слободата на медиумите и изразувањето, независноста на судството и заштитата на лицата кои откриваат чувствителни информации “, велат уште амбасадорите.

Во заедничката декларација американскиот амбасадор Џес Бејли изјави дека тие ја поздравуваат идејата на претседателот да се сретне со лидерите на сите политички партии. Амбасадорот исто така, повика на воздржаност во врска со трагедијата во изминатиот викенд, како и на смиреност во секое идно групно собирање во наредните недели, пишува Ројтерс.

Слични содржини