СДСМ неделава ќе одлучи дали ќе поднесе амандмани за Законот за јазиците

од desk4

Пратениците на СДСМ до крајот на неделата ќе донесат одлука дали ќе предложат амандмани по Законот за употеба на јазиците. Тие сè уште го разгледуваат предлогот од претседателот Ѓорге Иванов, кој ги содржи забелешките на 14 страни.

– Укажувањата на претседателот Иванов ги добивме вчера доцна попладне. Како пратеници ни треба време да ги разгледаме неговите забелешки и сугестии и до крајот на неделава ќе одржиме координација на која ќе одлучиме како ќе постапиме и ќе го донесеме нашиот конечен став – изјави денеска заменик-координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески.

 За барањето на ВМРО-ДПМНЕ, пак, за формирање работни групи за законот за употреба на јазиците, Митрески вели дека опозициската партија и во минатиот период и сега кога законот е вратен во трето читање има можност да поднесе амандамни и низ амандманска расправа да се корегира текстот.

Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ велат дека формирањето на работни групи за законот за јаици не значи и учество на нивните пратеници во работата на Парламентот, но тоа ќе биде добар чекор и позитивен сигнал за политичкио дијалог во Собранието.

Слични содржини