Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и што произлегуваат од незаконското следење на комуникации (СЈО) денеска соопшти дека постапувајќи по наредба на судија во претходна постапка, во текот на вчерашниот ден пристапило кон одземање на документација од Централниот регистар (ЦР).

katica-janevA

– Наредбата е издадена по барање на ова Јавно обвинителство, откако Централниот регистар во рок од 30 дена не постапи по нашето барање и единствено не извести дека барањето било нејасно, иако во неколку наврати имаше телефонска комуникација со јавни обвинители и истражители во насока на појаснување што се е предмет на нашето барање, се наведува во соопштението од СЈО.

Оттаму истакнуваат дека во текот на вчерашниот ден е воспоставена соработка со Централниот регистар и доставен е дел од бараната документација.

СЈО конфиксувало некои документи од Централен регистар

– Имајќи предвид дека се работи за голем обем на документација, во деновите што следат ќе биде одземена целокупната документација која е наведена во наредбата за одземање на предмети, за што благовремено ќе Ве информираме. Воедно изразуваме уверување дека добро воспоставената соработка со Централниот регистар ќе продолжи и во иднина, вели СЈО во соопштението. /МИА

Слични содржини