СЈО одзело документи од државниот архив за „Скопје 2014“

од Vladimir Zorba

Специјалното обвинителство одзело документи од државниот архив, во рамките на предистражна постапка.

Од обвинителството за Телма не сакаа да кажат каков тип документи зеле ниту што е предмет на нивната предистрага, но директорот на архивот Филип Петровски за Телма изјави дека се работи за документи позврзани со проектот Скопје 2014-та.

И Петровски и од специјалното обвинителство велат дека соработката била коректна и дека немало никакви проблеми, но директорот Петровски сепак смета дека обвинителството е авторот на лажни информации кои се појавија на интернет дека имало инциденти во архивот меѓу него и обвинителите во кои била инволвирана и полиција и тврди дека не некои портали, туку СЈО преку нив диригирало напади кон него денеска во јавноста./извор Телма

Слични содржини