Информиран извор од Приштина соопшти дека министерот за надворешни работи испратил “писмо од три страници на ЕУ, на САД и на други земји”. Според локалните медиуми писмото е испратено до 49 министри за надворешни работи и во него има поплаки заради белградскиот “контроверзен” воз во северно Косово од минатата недела. Хоџај смета дека тоа не е изолиран случај, туку “дел од систематските непријателски активности на Србија кон Косово”.

Хоџај споменал за “изградба на ѕид во северна Косовска Митровица, за повлекувањето на српските министри и пратеници од институциите на Косово, апсењето на поранешниот премиер Харадинај во Франција по барање на Србија и други инциденти”.