Smart стануваат целосно електрични до 2020 година

од Vladimir Zorba

Автомобилската компанија Smart, сопственост на германскиот автомобилски концерн Daimler, станува целосно електричен бренд од почетокот на 2020 година. Веста беше објавена од извршниот директор на Daimler, Дитер Четче. Поради големината, автомобилите на Smart се едни од најпогодните за електрификација.

Промената ќе биде глобална – и во Северна Америка и во Европа. Сепак, според анкетите, овој потег ќе донесе загуби за компанијата во САД. Според проценките, компанијата може да изгуби речиси 2/3 од пазарот во Соединетите Американски Држави.

До крајот на годината се очекува таму да бидат лансирани на пазарот нови два модела – купе од новата генерација ED, кое ќе се најде во застапништвата уште во месец мај, и кабрио модел, кој се очекува во текот на есента.

Слични содржини