Снег и минусни температури во Хрватска

од Vladimir Zorba

  Поларниот бран, што беше најавен, утрово стигна во Хрватска. Забележани се минусни температури. 

Најниската температура е измерена на Зивижан, односно минус 17,2 степени Целзиусови.

Во останатите градови температурата се движи меѓу минус три до минус девет.

Снег денеска паѓа во Далмација, но не се очекува снежната покривка да биде поголема од неколку сантиметри.

На одредени места лошите временски услови го отежнуваат сообраќајот.

Слични содржини