Сончево и многу топло – УВ индексот ќе изнесува 9

од Vladimir Zorba

– Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер. УВ индексот ќе изнесува 9.

Температурата ќе се движи од 30 до 40 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер и температура до 40 степени.

Продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надмине и 40 степени. УВ индексот ќе биде многу висок со вредност 9.

Слични содржини