Новинарите се повеќе прибегнуваат кон автоцензура , за да избегнат физички или психолошки закани од страна на властите. Ова го пишува во  извештај на Советот на Европа, пренесува Франс прес.

Околу 40% од 940 интервјуирани новинари за време на тригодишното истражување велат дека притосците  доволно сериозно се замешани  во нивната работа, за да  се покаже влијанието и на нивната приватност , појаснуваат од советот.

Повеќе од 2/3 од испитаниците вели дека биле заплашувани со физичка пресметка. 1/3 од анкетираните новинари велат дека биле заплашени од полицијата, а пак 53% биле предмет на онлајн напади.

Затоа не треба да се зема како изненадување дека студијата открива дека има голем број новинари, кои прибегнуваат кон самоцензура , се појаснува во студијата.

Многумина се принудени да ги намалат спорните приказни или да ги напуштат во целина, забележуваат уште од Советот на Европа, додавајќи дека се анкетирани новинари од пет медиумски здруженија, вклучувајќи ги и “Репортери без граници” во земјите членки и во Белорусија.

Генералниот секретар на советот Торбјорн Јагланд  ги повика 47-те земји членки на организацијата целосно да ги исполнат препораките на советот од 2016 година, кои вклучуваат заштита на новинарите и на нивната работа , за да се “создаде клима на отворена дебата и слободна говор”.

Од истражувањето станува јасно уште дека 87% од испитаниците турски новинари биле жртва на следење од страна на властите.

Советот алармира дека многу новинари страдаат од стрес, водечките до депресија и дури параноја.