Спутник: Франција одби да и испорача на Русија воени бродови и створи нова поморска сила

од desk2

Франција пред две години одбила да и испорача на Русија два воени брода од типот „Мистрал“, иако биле платени, и место тоа ги продала на Египет. Денес Русија ја има технологијата на „Мистрал“ за џабе.


Руско-египетскиот договор за продажба на јуришните хеликоптери Ка-52К нав,однос тигнал, пред завршница. Разговорите за цената на хеликоптерите кои ќе се користат на египетските амфибиски бродови „Мистрал“, се очекуваат на почетокот на овој месец.

Воениот стручњак Александар Ситников објаснува дека Русија после се сепак добила „мистрал“, пишува „Спутник“.

Хеликоптерите Ka-52K ќе бидат оптимален избор за египетските мистрали, бидејќи се правени за нив. Франција ги правеше тие бродови за Русија, но го отфрли договорот под притисок на Вашингтон, но и поради влегувањето на Русија во војната во Сирија, што официјален Париз не го одобруваше, за на крај да ги продаде на Египет за 950 милиони евра и да и го врати депозитот на Русија.

Руската морнарица потоа ги прилагоди хеликоптерите да може да се користат од „Адмирал Кузњецов“.

Секој „Мистрал“ може да носи по 16 јуришни летала, но најверојатно Каиро ќе купи само по осум за секој. Како што истакнува аналитичарот, постојат докази кои сугерираат дека Русија ќе и се придружи на Франција во техничкото одржување на бродовите и ќе ја обучува египетската посада.
„На тој начин може да зборуваме ЗА ПОЧЕТОК НА НОВ СТРАТЕШКИ СОЈУЗ НА Блискиот исток. Вреди да се потсети дека Египет најави стварање јужна флота со седиште во Црвеното море. покрај „Мистралите“, ќе се вклучи и француско-италијанската FREMM, повеќенаменска фрегата, четири „Govind 2500″ корвети и четири германски дизел-електрични подморници тип 209. Оваа флота нема да им служи на геополитичките цели на Каиро без авијацијата“, напиша Ситников.

И тука настапува Русија, според аналитичарот. Москва соработуваше со Французите да ги продадат „Мистралите“, особено на Египет, каде односите со Вашингтон се нарушени 2013 година, кога војската го симна од власт претседателот Мохамед Морси кој беше поддржуван од САД.

„Египетскиот новинар Ахмед Сајед, кој ја покрива приказната за Мистралите, забележа посебно топли односи меѓу егитептските, руските и француските стручњаци кои работат на бродовите“, вели аналитичарот.

Што се однесува на француско-руско-египетската соработка на Мистралите, Ситников нагласува дека од почеток на расправата за поединостите на продажбата на „Мистралите“ јасно е дека на египетската морнарицаи треба да активна помош од руското министерство за одбрана. Всушност, „носачите беа изградени во склад со руските барања и руските стандарди, а нивната обнова според НАТО стандарди беше технички изводлива, но прескапа“.
-Русија почна да гради хеликоптери по мерка на „Мистрал“, од самиот почеток. Да бидам искрен, москва бесплатно ја доби документацијата за „мистрал“. Поточно, пплати Каиро“, вели Ситников.
Најголем добитник е Египет, кој според анализите ќе стане регионална поморска сила, пред Турција, Израел и грција. Јужната флота на Египет ќе му овозможи и да ги заштити рутите на трговските бродови во заливот Аден, и дури да го израмни влијанието со Иран и со Саудиска Арабија во конфликтот во Јемен.

Слични содржини