Средба Заев – Катиќ: 11 декември носи промени за граѓаните и за Македонија

од Vladimir Zorba

timthumb-8

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од претседателот на Комисијата за одбрана, на СДСМ, Максим Димитриевски и членот на Комисијата за надворешни работи, Тихомир Илиевски денеска се сретна со министерката за одбрана на Словенија, Андреја Катиќ, придружувана од амбасадорот на Р.Словенија, Милан Јазбец.

На средбата е изразена согласност дека е неопходно е да се одржат фер и регуларни избори во Македонија на 11 декември за да може земјата да излезе од политичката криза и да се посвети на клучните реформски процеси коишто ќе обезбедат добар животен стандард за граѓаните и ќе отворат перспективи за Македонија.

-За тоа да се случи мора да се спроведат фер избори на коишто ќе биде избрана легитимна Влада. 11 декември ќе донесе промени во Македонија и за граѓаните и за иднината на државата, рече претседателот Заев.

Тој соопшти дека СДСМ веќе има разработено планови како да ги стабилизира економски граѓаните и земјата и дека истовремено се работи и на демократизација на институциите на системот во коишто граѓаните ја имаат изгубено довербата.

Заеднички е констатирана потребата од обнова на демократските процеси во Македонија што може да ги понесе демократска Влада.

Претседателот Заев се заблагодари на словенечката министрека за одбрана за огромната поддршка што ја добива Република Македонија од Република Словенија во сите клучни процеси за државата, меѓу кои и евро-атлантските интеграции.

Слични содржини