Столтенберг: Ќе ja откажеме Русија дури и од пoмислата за напад против нас

од Vladimir Zorba

НАТО ќе ги брани со војници нападнатите сојузници, увери Јенс Столтенберг

stoltenverg

Ќе ги  браниме своите сојузници со “тешки методи”, увери генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, кој е во посета на Латвија. “Не станува збор за помош со совети. Сите сојузници во НАТО се придржуваат до идејата дека сојузниците треба да бидат заштитени со цврсти методи, односно со војници. Можам да уверам дека НАТО ќе го брани секој сојузник, кој ќе биде нападнат.

Членот 5 е многу јасен – ние  сите го восприемаме нападот кон еден како напад кон сите “, појасни Расмусен, кој учествува на конференцијата во главниот град Рига.

“Во блиското минато видовме повеќе самоуверено однесување од страна на Русија. Затоа сакаме да ја  зајакнеме нашата одбрана, за да ја  откажеме  Русија дури  и од помисли за напад против Латвија или секој друг сојузник “, истакна норвешкиот шеф на НАТО.

Локално.мк  потсетува што изјави рускиот претседател Владимир Путин во вчерашниот учество во Меѓународниот клуб “Валдано” во Сочи: “Работата сепак е во тоа што Русија  не смета  на тоа никого да напаѓа, па и смешно е тоа, јас ги читав и вашите аналитички материјали, не само на присутните тука во салата, но и на аналитичарите од  САД, и од Европа. Но тоа е незамисливо, тоа е едноставно глупаво и нереална. Само во Европа живеат 300 милиони (граѓани), и сите се од НАТО, во САД вкупниот број на населението сигурно е 600 милиони, во Русија  е се насе 146 милиони. Па, така што  смешно  е да се зборува за тоа “. / ТАСС

Слични содржини