Најмалку петмина во притвор, меѓу нив и двајца поранешни министри?!

од Vladimir Zorba

 Кривичниот суд во Скопје прифатил помалку од третина од вкупниот број барања за притвор во предметите што ги поднесе СЈО во текот на вчерашниот ден, објави порталот „Сведок“.

За дел од обвинетите, за кои СЈО бараше притвор, судиите оцениле дека тиа ќе се појавуваат во текот на постапката и со одземање на пасошите, па била донесена таква мерка, брифираат за Сведок извори од судот.

Дел од информаторите од скопскиот суд се сомневаат дека некои од обвинетите имаат и друг пасош, но тоа судот не го констатирал.

Според последните информации, во притвор засега би требало да завршат 5 лица, а за другите ќе бидат преиначени мерките.

Најголем дел од мерките побарани за другите 47 лица за кои се бараат одземање на исправи или други забрани, за судиите не биле спорни и тие многу полесно се прифаќале.

Меѓу тие кои нема да заврши во притвор, за разлика од најмалку двајца поранешни министри, е и Драган Павловиќ Латас кој останал без пасош.

Судот ги отфрли барањата за притвор на координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алими и на Исмет Гури кои се обвинети за уништување на изборен материјал на изборите во Чаир во 2013-та година.

 Во случајот Тифани, на обвинетата Ивона Талевска и се одредени мерки на претпазливост – одземање на пасош и еднаш неделно да се јавува во судот. Обвинета е за даночно затајување.

Во суд еднаш неделно ќе треба да се јавуваат и 6-мина припадници на полициската единица Алфи кои се обвинети за мачење и сурово постапување при апсењето на Љубе Бошкоски. Командантот на единицата Алфи Ивица Анчевски-Пуки покрај тоа доби и судска забрана за контактирање со определени лица кои се вмешани во случајот Тортура.

Во случајот Тревник за двајца обвинети кои се товарат дека во општина Зелениково овозможиле бесправно градење судот определи мерки- еднаш неделно да се јавуваат во суд и да ги предадат своите пасоши.

Според последните информации, во притвор засега би требало да завршат 5 лица, а за другите ќе бидат преиначени мерките.

 На одлуките на Кривичните совети, СЈО и странките имаат право на жалба, а жалбата не ги одлага извршувањата на решенијата.

За тројца од тие за кои се бара притвор, доколку се одобри, би требало да одлучува и Парламентот поради нивниот имунитет.

Во Кривичниот суд Скопје синоќа претставници на Специјалното јавно обвинителство на само два часа пред истекот на рокот предадоа нови материјали со дополнителни докази за Титаник, Таргет и Тврдина.

Во овие случаи осомничените се товарат за изборни нерегуларности, за незаконското прислушување и за уништување на опремата во УБК.

Досега од 5 случаи за кои судот одлучувал, за 4 има изречено мерки на претпазливост

Претходно, судот соопшти дека одлуките ќе бидат донесени во рокот од 24 часа ,кој истече, но ќе им треба време да ги образложат и да ги достават до странките, па дури тогаш ќе соопштат официјално што одлучиле.

Како и да е одлуките се донесени и се очекува денеска  да  бидат соопштени, а се однесуваат и на обвиненијата за останатите 13 случаи, како и за Титаник 1 и 2.

Одлуката за притвор за Груевски и за врвот на ВМРО-ДПМНЕ е готова, на Латас и Ивона одземени пасошите

На одлуките на Кривичните совети, СЈО и странките имаат право на жалба, а жалбата не ги одлага извршувањата на решенијата.

 

Слични содржини