Таравари не дава оставка, не е коректно да се растура тимот

од desk2

Министерот за зравство Арбен Таравари нема да даде оставка од функијата, иако на претстојните локални избори и официјално е кандидат за градоначалник на Гостивар од редовите на Алијансата на Албанците. Тој рече дека за време на предизборната кампања нема да користи никакви бенефиции од Министерството.

„Ништо нема да користам. Ниту службено возило, ниту телефон, ниту друг ресурс од Министерството за здравство. А на изборите сигурно ќе победам, нема дилема. Сите анкети што ги правиме разликата е скоро два пати, така што нема дилеми дека ќе бидам избран за градоначалник“, кажа Таравари.

Тој рече дека до завршување на изборите нема да даде оставка, и дека кабинетот беспрекорно функционира.

„Кабинетот функционира беспрекорно. Има заменик министер, има државен секретар, кабинетот има проекти кои течат беспрекорно. Сега засега нема да дадам оставка, сметаме дека вака ќе функционираме и вака ќе продолжиме, има одредени проекти кои мора да течат. Да се растури сега тимот не би било коректно, мислам дека функционира добро. А по изборите, кога ќе ја преземам градоначалничката функција, ќе најдеме еден адекватен човек, за тимот да продолжи со работа“, рече Таравари./СДК

Слични содржини