Почетна / Актуелно / Телма силно ги осудува радикалните повици на Јовановски

Телма силно ги осудува радикалните повици на Јовановски

Телевизија Телма го осудува повикот на актерот Владо Јовановски за повик на војна. Во моментов телевизијата емитува проект во кој учествува Јовановски.

Од телевизијата велат дека продуцентот на серијата не очекувал дека некој од актерската екипа ќе излезе со изјава која ќе предизвика бурни реакции во јавноста и дека Јовановски поради своите радикални изјави би можел да се соочи со последици во идните ангажмани.

-Телма силно ги осудува радикалните повици на Јовановски, а ќе ги осуди и кога би дошле од која било друга јавна личност, велат од телевизијата.

Тие сметаат дека поради изјавата која ја дал актерот, серијата не треба да се забрани или да биде намалена нејзината вредност.