Трка за влез на изборната листа

од Vladimir Zorba
Се погласните шпекулации за тоа дека се подготвува терен дел од активистите на Шарената револуција да се најдат на пратеничките листи на СДСМ ја отвори дебатата – што ќе значи тоа за коалиционите партнери од опозицијата.
142825-1
Дебатата се вжешти и на социјалните мрежи. Еден дел од нив оценуваат дека активистите имаат голема заслуга во борбата за проемни и затоа заслужуваат да бидат на пратеничките листи, додека пак други коментираат дека на граѓанскиот сектор треба да биде коректор на политичките елити. Претседателот на НСДП Тито Петковски, вели дека досега тие не биле дел ниту од некакви разговори, а не пак за преговори за учество на шарените во листите.
Иако се уште неофицијално, се тврди дека на опозициските изборни листи ќе се најдат претседателката на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска, потоа познатиот активист Павле Богоевски, Марјан Забрчанец, како и Замир Мехмети. Сепак некои од нив велат дека немаат намера да бидат на пратеничките листи на СДСМ.
Целиот текст може да го прочитате тука

Слични содржини