ЕУ може да им обезбеди на граѓаните на Турција безвизно движење по територијата на заедницата, ако Анкара прифати ред услови на Брисел, соопшти РИА Новости со повикување на дипломатски извор во белгиската престолнина.

20151005.vytanhbrau

Во замена ќе се сака Турците заедно со Грците да патролираат заеднички во источниот дел на Средоземното Море, исто така отворање  и управување во Турција на шест центари за прифаќање и регистрација на бегалци, соопштил дипломатскиот извор.

Според него, оваа тема се очекува да биде разгледана со лидери од ЕУ со турскиот претседател Таип Ердоганкој денеска ја почна неговата  дводневна државна посета на Белгија.

A што бара Ердоган во Брисел?

Анкара поднела барање за членство во 1987 година, но преговорите почнаа само во 2005 година Оттогаш страните се усогласиле 14 од 35 технички услови кои Анкара треба да ги исполни за да ги постигне потребните стандарди за членство во ЕУ. Блокирани се 17 точки , а по 4 се водат преговори.

Слични содржини