Уште три деца се извадени живи од под урнатините на затрупаните хотел во Италија

од Vladimir Zorba

Потрагата и спасувачките операции продолжуваат

Три деца се извадени живи од под снегот и урнатините на затрупаниот  од лавина хотел во централна Италија, соопштија италијанските пожарникари, цитирани од Франс прес.
“Три живи деца се извадени од под урнатините. Потрагата и спасувачките операции продолжуваат”, изјави портпаролот на противпожарната служба Лука Кари. Тој не прецизираше дали децата се дел од десетте пресретнати под урнатините преживеани, од кои две беа спасени и примени во болница порано денес.

Вкупно 10 преживеани се откриени во затрупани под лавина хотел во Италија, соопшти денеска портпарол на службата за заштита од пожар, цитиран од Ројтерс и Франс прес.

Спасувачките екипи пронајдоа наутро шестмина преживеани. Еден од нив е повреден, а жена и нејзиниот син беа извадени од под урнатините и пренесени во болница, изјави портпаролот Лука Кери.

Уште четворица преживеани беа пронајдени попладне на друго место, рече Кери пред новинарите во седиштето на спасувачките екипи во градот Пенета, на 15-ина километри од хотелот.

Пожарникарите објавија видео на кое мајката и детето се извлекуваат од ископани во снегот дупка под аплауз од учесниците во спасувачката акција.

Слични содржини