Веб-страница овозможува да проверите дали хакери ви ја знаат лозинката

од Vladimir Zorba

Благодарение на Трој Хант, регионален директор на „Мајкрософт“ за Австралија и експерт за компјутерска безбедност, кој ја создаде и ја одржува веб-страницата „Have I been pwned?“, сосема едноставно, брзо и бесплатно може да проверите дали злонамерни хакери ги украле од некоја база податоци вашите лозинки за различни веб-страници.

Според Хант, опфатени се некои од најголемите кражби на податоци во последниве години, но базата на веб-страницата се обновува.

Проверката е едноставна – внесете ја електронската пошта или корисничкото име и притиснете на копчето „pwned?“.

Засега веб-страницата има база на податоци за 215 различни веб-страници и за 3,75 милијарди налози.

Слични содржини