(ВИДЕО 18+) Зошто треба да спиеме голи?

од desk2

Изгорете ги пижамите, фрлете ги џиновските маици. На сите ни треба малку повеќе голотија во животот, особено кога станува збор за спиење, пишува iflscience.

1470138993-shutterstock-417682372
Идејата е едноставна. Ние спиеме многу подобро, кога температурата во долниот дел од телото ни е малку пониска. И колку помалку облека – толку помалку топлина.

Најмалото зголемување на температурата може да ги зголеми одредени области во мозокот кои го регулираат циклусот на спиење. Како резултат на тоа спиеме повеќе неспокојно. Истражувањата покажуваат дека дури и мали промени од 0,4 степени Целзиусови можат да имаат значење.

Кај мажите падот на температурата може да помогне за зголемување на бројот на сперматозоидите (идеални услови за нивното формирање е на температури малку пониски од онаа на целото тело). Кај жените голотијата овозможува подобро проветрување на интимните делови – што е важно, бидејќи штетните бактерии напредуваат во влажни и топли области.

Голото спиење со партнер има и биохемиски предности. Контактот со кожата на другиот човек зголемува лачењето на окситоцин – т.н.. “Хормон на љубовта”. Тој од своја страна го подобрува расположението и го одржува имунолошкиот систем. Дури го разгорува чувствотот за емоционална интимност.

Слични содржини