Денеска го отвораме и пакетот кој ќе ја покаже спрегата на Никола Груевски и со приватните медиуми, за контролата врз газдите врз на Канал 5 и Сител, Емил Стојменов и Горан Иванов. Ќе видите до каде овие сопственици на телевизии се подготвени да се свиткаат пред Никола Груевски само за да му се додворат и да добијат некој бизнис. Ќе видите како тоа се прави преку главните уредници на телевизиите, Драган Павловиќ – Латас и Лидија Богатинова – изјави денеска првиот опозиционер Зоран заев на пресконференцијата на која ја презентираше “бомбата бр. 24”

По тоа што ќе го објавиме денеска ќе стане уште појасно зошто на националниот сервис не слушнавме ништо за заканите врз Борјан Јовановски-додаде Заев.

Во име на СДСМ и лично име, дозволете да го осудам гнасниот, кукавички потег врз новинарот Борјан Јовановски и неговото семејство. Да се испрати погребен венец на критичар на состојбите, е црвен аларм за сите свесни и совесни луѓе во Македонија за обврската на власта да и попречиме да го реализира тоа лудило. „Испровоцирај етнички тензии и удри по новинарите и неистомислениците“. Бараме од професионалците во институциите, за кои знаеме дека постојат, да не се двоумат, туку да се одважат и да постапат како граѓани и како професионалци. Мора да бидат откриени сторителите – посочи Заев.

Слични содржини