СДСМ спречи народот да биде задолжен за уште 230 милиони евра, рече дополнителниот заменик министер за финансии од СДСМ, Кире Наумов.
Kire Naumov(4)

Тој информираше дека денеска на меѓународниот пазар е издадена еврообврзница од 270 милиони евра, место од 500 милиони евра како што планираше Владата. Од позајмените пари, 20 милиони евра ќе бидат со строга намена за бегалската криза, а 250 милиони евра за буџетски потреби. Еврообврзницата е со рок на доспевање од 5 години, а секоја година ќе се отплатуваат по 5,1 процени на име вкупен трошок.

– СДСМ нема да дозволи неразумно задолжување што ќе ги задолжи следните генерации. Но, СДСМ нема да дозволи граѓаните да останат без плати, пензии и субвенции. Затоа го ставив мојот потпис на ова задолжување – рече Наумов.

Наумов објасни дека странските банки го почитуваат нашиот Закон за Влада и затоа ја известиле Владата дека нема да позајмуваат пари без двоен потпис.

– Доколку Министерството за финансии се обиде да бара пари и од домашни банки и тие ќе мора да бараат потпис од мене – рече Наумов.

Тој го повика премиерот Никола Груевски „да престане да го лаже народот во врска со виртуелниот економски развој“ и да го каже колку ја задолжил државата и колкав е вистинскиот износ на јавниот долг.

Слични содржини