(ВИДЕО) Отворeн гробот на Исус Христос во Ерусалим

од Vladimir Zorba

hqdefault

Археолозите ја симнаа мермерната плоча поставена над гробот на Исус Христос во црквата “Воскресение Христово” во Ерусалим, соопшти International Business Times.

Под плочата поставена во 1555 година, беше пронајдено големо количество камења. Според Фредрик Хиберт од Националното географско општество на САД, претстојат уште многу истражувања, но експертите се надеваат конечно ќе видат каков бил оригиналниот камен, на кој, според преданието, било премачкано телото на Исус Христос по симнувањето од крстот.

Божјиот гроб претставува гробница во карпа под олтарот на црквата “Воскресение Христово” во Ерусалим. Според преданијата, таа се наоѓала надвор од градските ѕидини северозападно од Ерусалим, недалеку од Голгота. Потоа тука е изградена Кукувлијата и храмот посветен на Вознесението Божјо.

Сега археолозите се надеваат дека отворањето на гробницата ќе овозможи да се разбере зошто мајката на императорот Константин I (владеел Римската империја од 306 до 337 година п.н.е.) – Света Елена, го избрала и посочила токму тоа место како последното место каде што лежало телото на Спасителот.

Слични содржини