(ВИДЕО) Рамадани за македонската платформа: Ова е прочитана книга, Груевски сега збори преку Ѕинго и Амди Бајрам

од desk2

Аналитичарот Исмет Рамадани смета дека зад повикот на СПМ за креирање на македонска платформа стои Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и за прв пат во неговото десетгодишно владеење им дава шанса на неговите коалициони партнери да прозборат, информира а1он.

– Ова е прочитана книга и толку е проѕирно што не е тешко да се дојде до фактот дека Никола Груевски сега зборува преку луѓето кои никогаш не зборуваа додека беа во негова коалиција. Во последно време зборува преку малите партии, гледаме пораки преку Амди Бајрам, Љубисав Иванов и одредени негови експоненти кои не значат ништо во однос на тоа што и како се одвиваат политичките работи во Република Македонија, вели Рамадани.

Според него ова е начин на комуницирање во ситуација кога Груевски е веќе свесен дека шансите за формирање на Влада со ДУИ се мали или воопшто не постојат и дека тој сака да создаде мислење во јавноста дека без него не се може, како што вели Рамадани одењето во опозиција за Груевски е премногу губитничко.

Рамадани смета дека нема ништо лошо во составувањето на македонска платформа, но тоа треба да се прави во случај кога некој се обидува да го загрози интегритетот на македонскиот народ што не е случај со Албанците во Македонија и албанските партии.

Целиот текст може да го прочитате тука

 

Слични содржини