(ВИДЕО) Скандал со лични податоци

од Vladimir Zorba

Лични податоци на речиси 5 000 студенти од неколку државни и приватни факултети низ земјава протекоа на интернет. Како овие податоци излегле на виделина и дали станува збор за хакерски напад се уште не се знае, информира 24Вести.


Но познато е дека податоците, број на индекс, адреса на живеење, град, телефонски број, меил и лозинка на факултетската електронска пошта се обелоденети пред два дена преку официјалниот меил на Машинскиот факултет. Податоците биле пратени на меил адресите на стотина студенти. Најголемиот дел од информациите биле за студенти од Машинскиот факултет.
Деканот Дарко Данев иако вчера за дел од порталите изјавил дека биле преземени сите мерки за да се спречи понатамошното ширење на податоците, денеска не одговара на телефонските повици.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини