(ВИДЕО) Спасовски стопира 59 вработувања во МВР

од Vladimir Zorba
142740
59 од вкупно 125 решенија за вработувања без јавен оглас кои се случиле во последните неколку дена во МВР, пред изборот на Оливер Спасовски се стопирани, велат извори од ресорното министерство за 24 Вести.
Оттаму посочуваат дека токму толку нови вработувања службата за човечки ресурси во МВР не успеала да ги завери како нововработени и Спасовски забранил евидентирањето да продолжи. Истите извори не коментираат во кој дел од полицијата се тие вработувања.
Министерот Спсовски само кусо вели дека се уште го чека комплетниот извештај и во наредните денови ќе информира за состојбите во МВР.
Се чекаат анализи за тоа врз основа на што се правеле новите вработувања и прераспоредувања, велат од министертвото и тврдат дека на вработувањата стојат потписите на двајцата претходни министри Андонов и Чавков. 24 Вести се обиде да стапи во контакт со министрите но беа недостапни за коментар.
Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини