(ВИДЕО) Велидген ги наполни сместувачките капацитети во Охрид

од desk2

Во пресрет на Велигден исполнети до максимум се сместувачките капацитети на Охридската ривиера, информира ТВ24.
Хотелиерите велат дека во Охрид веќе се бара место плус, а најбројни како и лани ќе бидат гостите од Бугарија и Грција.
„Преполни ни се букинг резервациите, Бугарите резервираа уште минатата среда и тие ни се најмногубројни овој Велигден во нашиот хотел. Очекуваме дека таква ќе ни биде и претстојната туристичка сезона“ – вели Наумче Кордоски, Хотелиер.
На охридското крајбрежје се очекуваат и гости од Албанија и Србија, посебно затоа што оваа година во ист ден се прославува православен и католички Велигден. Цените за аранжманите се непроменети, а велигденските празнувања меѓу профитот кој ќе им го донесат на хотелиерите ќе означат успешен старт на претстојната туристичка сезона.
Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини