Владика Тимотеј: Не сум во тек со лудориите на свештеникот Тодоров

од Vladimir Zorba

Моментално сум во Австралија и не сум во тек со лудориите на Тодоров!

 

Вака одговори портпаролот на МПЦ-ОА, владиката Тимотеј на прашање  на Плусинфо за коментар за статусот на Фејсбук на свештеникот на МПЦ-ОА, Ивица Тодоров, кој отворено, како свештеник, се стави во служба на државната хајка против „соросоидите“.
Власта го посочи Сорос како виновник за политичката криза во земјава, а на оваа хајка  се лепи сставот на отецот што се доживуува како вклученост и на МПЦ ОА во  „борбата“ за „десоросоизација” на Македонија, мобилизирана од ВМРО ДПМНЕ.

Отец Ивица Тодоров од Скопската епархија на МПЦ, на својот Фејсбук профил даде свои оценки за работата на Џорџ Сорос. Тој постира и видео од протестите против Трамп, за кој провладините медиуми тврдат дека се организирани од Сорос. Еве што напиша отец Тодоров:

Ме запрашаа вчера:
„отец Ивица, а која е вистинската цел на соросоидската пропаганда, кампања, активизам и енормното вложување пари?“
Одговорив:
„целта е ментална и генетска мутација, а со цел личностите кои се целна група за ОБРАБОТУВАЊЕ да го забрзаат светскиот процес на ентропија, односно празнање на ментално/ интелектуалните и духовните/ личносните капацитети на конкретна личност, општество, нација, држава, човештво.
Всушност тоа е процес на – ЗОМБИРАЊЕ – , формирање на форми без суштина, личности без БОГОЦЕНТРИЧЕН светоглед, а со препознатлив НИХИЛИСТЧКО ОГРЕВОВЕН светоглед! Таквите „личност“ се себецентрични, односно, дрски егоисти и себеугодници и како такви тие стануваат „топовско месо“ на своите идеолошки дилери кои ги дрогираат со умисленоста дека тие се „фактор“, дека се им е дозволено и дека не постои ГРЕВ и ОДГОВОРНОСТ!
Последната фаза на оваа програма, се разбира во целата оваа режија има и други деструктивни програми, е формирање човештво без ЧОВЕК, односно, човештво без ИДЕНТИТЕТ, односно, човештво без СТАВ, ВРЕДНОСТ и ВИСТИНА.
Ме запрашаа повторно:
„А зошто сето тоа?“
Одговорив:
„Сето тоа се случува затоа што во секоја човечка душа, ум, срце и воља се води одамна започнатата духовна војна која има за цел да го истисне ОД СЕКОЈ ЧОВЕК се она што му е дарувано од Творецот, од Небесниот Отец, а и да го истисне и сето она што му овозможува на секој човек да биде ОСТВАРЕН ЧОВЕК, односно, БОГОСЛИЧНО битие, на САТАНОСЛИЧНО ѓубре!“
Реагираа заинтересирано и ме прашаа:
„А каде и од каде можеме повеќе да се запознаеме со сето ова?“
Им одговорив:
Читајте Свето Писмо и искрено, храбро и логички размислувајте, па се ќе ви стане ЈАСНО:)!


Свештеникот Тодоров,  не запира со своите провкации и на  Фејсбук, тој повтроно постира , па вели :

„ Искрено и јас сум зачуден од сеопшатата реакција на она мое скромно писание кое беше само одговор на една актелна тема постиран на мојот личен ФБ профил. Значи, тоа не е некоја анализа или интервју даден на некој медиум, туку нешто постирано на мојот личен ФБ профил – тоа вие нешто како по дома:) – и тоа предизвика толку голема реакција. Зошто? Или има во сето тоа вистина или е чиста глупост. Ако е чиста глупост, тогаш зошто таква реакција, зашто на глупоста се реагира само со сожалувачка насмевка?:) Ако е вистина, е тогаш нештата се покомплексни (комплекс – мува на капа)“…

Официјален став од МПЦ -ОА и Архиепископот г г Стефан засега нема .

Слични содржини