ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се плаши од дебата во Собранието

од Vladimir Zorba

СДСМ сака да направи пуч во Собранието, но не успеа со прекршување на деловникот за работа на Собранието, законот и Уставот, да избере претседател на Собранието.

„СДСМ не успеа да го направи првиот чекор за на мала врата да ја протурка платформата од Тирана. СДСМ сепак не се откажува од таквата своја намера, да формираат влада по волјата на Рама. СДСМ за да ја спаси својата криминална врхушка да не оди во затвор ја втурнува целата држава во политички амбис“,  пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека СДСМ се плаши од дебата и затоа не сака да признае дека ја прифатиле платформата.

Слични содржини