ВМРО-ДПМНЕ утре ќе организира голем народен собир

од Vladimir Zorba

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ утре во 15 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе одржи голем народен собир, најави Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на нивната страница на „Фејсбук“.

miting-vmro-31

„ВМРО-ДПМНЕ порачува, време е за крај на политичката криза. Време е за крај на деструкциите, конфликтноста, поигрувањето со чуствата на луѓето, крај за штетите на угледот на државата. Без оглед на желбите и сценаријата на нашите опоненти ние секогаш сме се одликувале со поразлична свест од нив, поразлично чуство на одговорност кон граѓаните и кон државата затоа што за нас секогаш интересите на Македонија биле и се пред сите други. На Македонија и требаш сега“, се вели во најавата на „Фејсбук“:

Вицепремиерот и министер за здравство, Никола Тодоров вчера најави дека овој викенд ќе биде викенд за трибини, собири и за партиски настани, а свое обраќање и дискусии ќе имаат политичари од ВМРО-ДПМНЕ, но и експерти и луѓе кои се надвор од политиката.

– Наредните денови ќе имаме партиски настани, собири и трибини, на кои ќе се дискутира за нашите проекти, постигнувања, но и за генерални политики. Ова ќе биде викенд на отчетност и на реални проекти и дела. Карактеристично за нашата партија и тоа што нас нè прави поинакви од нашите политички противници. Додека тие се занимаваат со смислување начини како да одбегнат избори или како да продолжат со деструкцијата и да ја продлабочат кризата, ние дискутираме за реалните проблеми на луѓето, на граѓанинот, што е и наша обврска како политичари, и се фокусираме на секојдневието на граѓаните, а не на маглата од негативизам што ја креира опозицијата – рече Тодоров.

Слични содржини