ВМРО ДПМНЕ во отворен напад и против Здружението на новинарите на Македонија

од Vladimir Zorba

„ЗНМ функционира како нејзин претседател се уште да е директорот на Центарот за комуникации на СДСМ Роберт Поповски, соопшти во денешниот напад ВМРО ДПМНЕ против новинарското здружение.

ЗНМ ја користи потполно истата реторика и истите лажни обвинувања како и СДСМ/Сорос.

Со застанувањето во одбрана на Сорос, ЗНМ докажа дека не е новинарско здружение кое се грижи за новинарите, туку за нарачателите и манипулаторите од СДСМ/Сорос.

Сега е јасно зошто ЗНМ молчеше и се криеше замижувајќи пред нападите врз новинарите на Сител, МТВ, Курир, Република, додека хулиганските орди на СДСМ/Сорос физички ги напаѓаа и им се закануваа на новинарите дека цревата ќе им ги влечеле по улици.

Сега е јасно зошто ЗНМ се криеше и молчеше кога СДСМ/Сорос се обидуваа да воведат цензура во медиумите.

Граѓаните на 11-ти декември гласаа против деструктивните политики на СДСМ/Сорос и сите нивни платени мегафони.

Македонија мора да оди напред и процесот на десоросоизација е еден од чекорите за излез од кризата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини