Во Италија уапсија мафијаш, поврзан со “Дујсбургшкото колење”

од desk3

Еден од шефовите на мафијашката организација Ндрангета беше уапсен вчера, соопшти италијанското внатрешно министерство. Антонио Пеле (54 г.) пет години се криел од правдата. Тој е поврзан со крвавата пресметка меѓу кланови во германскиот град Дујсбург од 2007 година

Пеле е уапсен првиот пат во 2008 година, но три години подоцна избегал од болницата во која бил сместен поради здравствени проблеми.

1475724069-ffffffff

Додека се криеше, тој е осуден во отсуство на 20 години затвор за различни злосторства, вклучувајќи шверц на дрога.

Полицијата го открила во тајна соба, која се наоѓала меѓу бањата и спалната соба на неговиот син, во семејниот дом негов во Бовалино, блиску до градот Реџо Калабрија, соопшти министерот за внатрешни работи Анџелина Алфано.

Мафијашкиот е бос на криминалната фамилија Пеле – Вотари која од почетокот на 90-тите војува со конкурентскиот клан Нирта – Странџа.

Конфликтот, наречен “вендетата од Сан Лука”, ескалира до т.н. Дујсбургшко колење од 15 август 2007 година, кога шестмина од кланот Пеле – Вотари беа убиени пред пицерија од професионален убиец на Нирта – Странџа.

Се смета дека егзекуцијата била одмазда за убиството на Марија Странџа, извршено на Божиќ во 2006 година од Пеле – Вотари. Осомничениот убиец на жената е Марко Мармо, една од жртвите на “дуксбургшкото колење”.

Италијанската агенција АНСА прецизира дека Пеле го испратил Мармо во Германија, за да обезбеди комбе и снајперист кои требало да бидат искористени за напад врз сопругот на Марија Странџа, Џовани Лука Нирта.

Слични содржини