(ФОТО/ВИДЕО) Граѓански марш од СЈО до Собрание… народ на улица

од desk3

Под мотото „Борбата продолжува – гласот победува!“ денеска во Скопје започна граѓанскиот марш кој го организираа најголемата опозициска партија СДСМ и граѓански здруженија и поединци.

 

Граѓаните денеска маршираат во Скопје по повод празникот 11 октомври. Се маршира против сиромаштијата, за повисоки плати, за работни места, за млади кои сакаат да живеат во родната земја, за правда и правичност, за еднаквост….


„Ја потврдуваме нашата решеност да се избориме за достоинствен живот во својата земја. Ќе маршираме за борба против сиромаштијата, за повисоки плати, за работни места, за млади кои сакаат да живеат во родната земја. Ќе маршираме за правда и правичност, за еднаквост, ќе маршираме за граѓанскиот глас“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев најавувајќи го протестот. Иницијатори на маршот се уште и Вера Бунтеска, Златко Ориѓански, Томче Кежаровски, Ирена Ристиќ, Бени Шакири, Атанас Костовски и Влатко Васиљ.

Протестот започна со собир пред СЈО а завршува пред Собранието на РМ.

 

Слични содржини