Втор обид за почеток на амандманската расправа за законот за јазиците

од desk2

Членовите на Комисијата за европски прашања, во отсуство на опозицијата, денеска треба да ја одржат амандманската расправа за Предлог-законот за употреба на јазиците.

Вчера пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ објавија дека ќе ја бојкотираат работата на Собранието бидејќи шестмина нивни пратеници се во притвор и нема соодветни услови да партиципираат во работата на Парламентот.

Артан Груби, претседателот на комисијата, за денеска во 13 часот го закажа првото продолжение, односно втор обид за ова продолжение, откако во понеделникот почна првото продолжение со усвојување на дневниот ред, но потоа седницата беше прекината поради неприсуство на претставници на Владата.

Слични содржини