Кание Вест и Ким Кардашијан ќе го сменат пристапот со второто дете. Двојката цврсто решила овој пат детето да биде крстено со име, почитувајќи ги семејните традиции.3149206cd9078d0973024a32b5e6bbdd

Нивното прво дете, Норт Вест, предизвика доста спротивставени мислења околу изборот на име и затоа блиски до двајцата одлучија однапред да ги смират фановите и да појаснат дека овој пат детето нема да биде именувано по некоја од останатите кардинални точки (north на англиски значи север ).

Извор објасни дека Ким и Кание го избраа името Норт бидејќи е северот секогаш е на врвот или насочен нагоре.

34-годишната реалити ѕвезда и нејзиниот 37-годишен сопруг ќе сакаат нешто значително традиционално и под влијание на семејството за второ дете.

Има гласини дека четвртиот член на Кардашијан-Вест ќе носи име поврзано со таткото на Ким – Роберт или почината мајка на Кание, Донда.

Ѕвездите сѐ уште не  го знаат полот на своето второ дете кое го очекуваат во декември, но извори признаваат дека двојката се надева на момче.

Слични содржини