Заев: Придонесот на САД за демократијата во Македонија е од огромно значење

од Vladimir Zorba

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска упати честика до претседателот на САД, Доналд Трамп, по повод неговата инаугурација, во која изрази надеж дека САД ќе продолжат со поддршката за земјава на нејзиниот пат кон евро-атлантските интеграции.

„За граѓаните на Македонија од огромно значење е придонесот на САД во развојот на демократските процеси и почитувањето на човековите слободи и права во земјава. Исто така од големо значење е поддршката на САД за безбедноста на Република Македонија и целиот регион. Иднината на Македонија како држава е во НАТО и Европската Унија и се надевам дека САД ќе продолжи со политиките на поддршка на евро-атлантските интеграции“, вели Заев во честитката до Трамп.

Слични содржини