Захариева: Договорот меѓу Бугарија и Македонија отвора нова страница

од Vladimir Zorba

Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија е важна страница во односите меѓу двете држави, но по неговото потпишување има уште многу работа да се направи.

Ова го изјави за бТВ вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева. Таа истакна дека Владата застанала зад   декларацијата од 1999 година, која е добра база за потпишувањето на овој договор. Захариева коментира уште дека договорот е работен со години.

“Немаме намера никакви преговори поќе да водиме, ова е договорот кој Владата на Бугарија ќе го потпише, се надевам дека ќе биде поддржан и од парламентот. Јазичната клаузула е јасна од 1999 година. Таа не е променета. Договорите во принцип не признаваат ниту јазици, ниту народи, а јазичната клаузула е јасна уште од 1999 година. Потпишуваме договорот со Македонија на официјалните јазици “, истакна Захариева.

Во врска со 77-те бугарски граѓани, на кои Турција им забранила пристап на  нивна  територија, Захариева рече дека Бугарија побарала информации за овие 77 граѓани. “Нашите власти побарале таквите информации од турските власти. Нашите служби немаат податоци за такви 77 граѓани. Ајде да   види  дали ги има овие луѓе и кои се овие терористи. Сакаме да имаме официјална информација со кои точно терористички организации, според турската држава се поврзани овие 77 граѓани. Се надевам дека наскоро ќе одговорат   “, додаде уште Захариева.

Слични содржини