Западот се соочува со неизбежен избор за Балканот

од desk2

Не толку одамна беше прифатено да се смета дека интервенцијата на НАТО во босанскиот конфликт, ставила крај на војната во регионот, е еден од главните успеси на епохата е што уследил крајот на студената војна. Слободан Милошевиќ беше соборен и понесе казна за своите воени злосторства; Косово доби независност; а денес три земји од Западен Балкан се членки на НАТО. По само речиси две децении откако Охридскиот договор стави точка на воените дејствија во поранешна Југославија, ситуацијата во регионот изобилува со меѓуетнички недоразбирања, а демократијата се уште не може да пружи сè што некој сака.


За што станува збор?
Во 90-тите години на минатиот век и во почетокот на сегашниот постојано има интервенција во политиката на Балканот и последователно на тоа, бран странска помош од САД и Европската унија настапи пред моделот на немешање. Мислејќи дека членството во ЕУ ќе оформи демократска иднина на Западен Балкан, САД во голема мера ја отстапија задачата на ЕУ за политички, институционален и економски развој на регионот. За жал Европа не успеа целосно да го оправда очекувањата. По влезот на Хрватска и Словенија, Унијата го загуби претходниот интерес за проширување на своите граници и остави другите земји од регионот / Босна, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Македонија / да чекаат пред вратата. А она што го гледаме во последните години: „Брекзит”, миграциска криза и зајакнување на незадоволството во Унијата – ги потресоа основите на самата ЕУ и станаа уште една пречка на патот за пристапување кон Унијата на нови земји-членки. Во исто време најниската развиеност на регионот и внатрешните несогласувања само се продлабочија, оставајќи во европската периферија појас од сиромашни и нестабилни држави, поставени како во вакуум, кој не пропуштија да го пополнат, очигледно, помалку „градежни“ политички сили. Русија со нејзиниот реваншизам повторно влезе во традиционалната улога на бранител на православните христијански народи, користејќи го Балканот како тампон, за да ја спречи понатамошната европска експанзија и да ја поврати сопствената сфера на влијание. Во Србија, Црна Гора и Македонија, Русија активно влијае врз јавното мислење со цел да биде ослабен ентузијазмот во однос на членството во ЕУ и НАТО, а паралелно со тоа таа ги зајакнува своите позиции преку воена помош и дезинформации, која ги заострува меѓуетничките тензии. Според една неодамнешна анкета на јавното мислење на Меѓународниот републикански институт (IRI) членството во НАТО е поддржана од сè помалку Македонци, а денес овој показател е најнизок од 2008 година досега. Во Босна анкетата на IRI покажува дека за нејзиното пристапување кон ЕУ се едвај 18% од етничките Срби во земјата. Турција и земјите од Персискиот залив одговорија на тоа со зајакнување на поддршката за муслиманите на Балканот – но нивната помош не секогаш може да биде наречена поволна. Саудиска Арабија крева џамии и поканува кај себе за обука имами од Балканот. Некои од нив се враќаат во татковината како проповедници на строго конзервативното вахабистичко учење, кое е во остар контраст со умерениот ислам, кој се практикува на Балканот со векови. Тоа доведува до раст на исламскиот фундаментализам меѓу локалното муслиманско население. И не треба да се прашуваме од каде сложената ситуација во која беше оживеана политиката на идентитет, центрирана на етнорелигиозен национализам. Лидерот на српскиот дел од Босна, Милорад Додик, побара референдум за независност, за да се оддели од мултинационалната Федерацијата на Босна и Херцеговина. Додик често патува во Москва, за да ја посведочи својата почит кон Путин. Во Босна, водачот на најголемата муслиманска политичка партија Бакир Изетбеговиќ редовно го посетува Истанбул и често се појавува на јавни места со повеќе авторитарниот владетел на Турција, Ердоган. Како уште еден знак за зголемување на тензиите може да биде повикот за излегување на улица поради националистичките ставови на претседателот на Косово Хашим Тачи за создавање на национална армија, и тоа без да се обрнува внимание на присуството на контингентот на НАТО со персонал од 5.000 лица и решителното спротивставување на западниот сојуз, а исто така и на соседите како Србија и Македонија. Покрај тоа, не многу одамна српски националисти се обидоа да поминат преку границата со воз, украсен со слогани како “Косово – ова е Србија”, кое имаше дефинитивно провокативен карактер. Претседателот на Албанија, Еди Рама, често говори за потребата од проширување на соработката помеѓу неговата земја и Албанците во Косово и Македонија, а за возврат критичарите го обвинуваат за стремеж кон создавање на “Голема Албанија”. Кога на Блискиот Исток се јавува имплозија, а Северна Кореја се заканува да започне нуклеарна војна, за каков Западен Балкан зборуваме?

Да започнеме со тоа, дека со оглед на близината на регионот кон Европа дестабилизација на Балканот може брзо да се претвори во паневропски проблем. Во 2015 година во овој регион преминуваше главен пат на повеќе од еден милион мигранти кои бегаа кон Германија и Шведска и кризата можеше да доведе до многу сериозни последици ако локалното раководство не беше спремно навреме да ги остават на страна своите несогласувања и да работат заеднички. Ако тензиите во регионот продолжат да растат, при следната криза слична соработка може и да нема. Бидејќи екстремистите од “Исламска држава” (ИД) го користат политичкиот хаос и слабоста на земјите за пенетрација во Европа, па под закана се хуманитарната ситуација и безбедноста. Русија одамна го „одржува“ расцепот во регионот, за да ја зајакне својата стратешка супериорност над Европа, а се поизразената рамнодушност и дури антипатија кон западните институции од страна дејствува во полза на Кремљ. Без помош на западните институции во либерални демократии и растечкиот религиозен фундаментализам можат да станат норма во регионот. Набљудувачите велат дека овие долгогодишни етнички несогласувања можат да бидат решени само со промена на националните граници – очигледно заборавајќи колку погубно се покажа овој пристап во 90-тите години на минатиот век. Работата е во тоа што прекројување на границите, при тоа без да влијаат на интересите на која и да е етничка група, не е можно. Независно од етничките чистки и преселување кои се случија за време на војната во Босна, како и во многу области (особено трогателен пример е Сараево), каде Србите, Хрватите и муслиманите живеат рамо до рамо. Уште повеќе размената на територии врз основа на етничкото мнозинство во таков нееднороден регион каков што е Балкан, е директен пат кон хаосот. Во Косово српската енклава во Митровица се опира на управувањето на албанското мнозинство и сака да се приклучи кон Србија. Колку во Прешевската долина во Србија има албански општини, формално може да се претпостави дека двете територии треба само да се разменатт. Во исто време размената на Прешево со Митровица би провоцирало опасна борба за територија, доколку не сите енклави се географски распоредени една до друга. Поради оваа причина малку е веројатно Србија да се согласи да го предаде својот мнозински населен со муслимани регион Санџак на Босна. Поефикасен чекор би било создавањето и зајакнувањето на регионалните институции за помош на економската и политичката соработка и решавање на конфликтите. Збирна унија на Западен Балкан – проект за единствена економска зона, во последно време се дебатира од лидерите на Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Косово и Албанија – може да стане чекор во правилна насока. Само ваквата иницијатива не треба да се гледа како замена на суштествените гаранции кои обезбедуваат далеку поблиска соработка со НАТО и ЕУ. За жал ЕУ во суштина се откажа од својата стратегија за проширување во регионот – на неа постојано се противат владите на земјите-членки, кои стравуваат од наплив на евтина работна сила и бран јавно незадоволство од тоа. Само детално разработен патоказ за влез во ЕУ би обезбедил на земјите од регионот конкретни иницијативи за политички и економски реформи. Ова би можело да доведе до зајакнување на регионалната соработка, а, според тоа, до пад на меѓуетничките тензии и повеќе безбедност како во регионот, така и на континентот во целина. Интеграцијата на Западен Балкан во НАТО е важна, и најверојатно, полесно извршна задача. Претстојното (веќе факт – бел.ред.) Пристапување на Црна Гора ги отвора вратите за Србија, Македонија, Босна и дури за Косово. Пристапувањето кон овој сојуз е од витално значење и ќе послужи како важен сигнал дека Балканот се смета себеси за дел од Западот и е подготвен да им помогне на земјите да се спротивстават на аспирациите на Москва. Гаранциите кои ги обезбедува членството во НАТО, исто така може да бидат корисни и во борбата против тероризмот. Последното истражување на јавното мислење спроведено од IRI меѓу граѓаните на Босна, покажува дека иако Босанците се разликуваат етнички во однос на редица прашања, вклучително и за членството во НАТО, тие се обединети во неусвојувањето на идентификацијата. Надминувањето на одвратност кон етничките Срби – во најголем дел тие сочувствуваат со Русија – кон членството во НАТО би било полесно ако тоа биде претставено како дел од поголем проект за борба против транснационалниот тероризам и зајакнување на безбедноста во регионот.

Западот се соочува со неизбежен избор: или да се однесува кон Балканот како кон клучен стратешки партнер, или да ризикува да го загуби регион, кој може да потпадне под влијание на Русија и исламскиот екстремизам. Во септември минатата година Босна поднесе официјално барање за влез во ЕУ. Брисел треба сериозно да се разгледа ова барање, а НАТО треба да доведе до крај на процесот за пристапување на Црна Гора во Унијата, и да посвети соодветно внимание на Србија и Босна како идни членови. Во услови на криза, која ја доживува ЕУ, интеграцијата со земји кои имаат аспирации да застанат на европскиот пат на раст и стабилност, денес, како и парадоксално да звучи, е поважно од кога и да било порано. / Автор на коментарот во The American interest е Пол Макартни, заменик-директор за Европа во Меѓународниот републикански институт.

Слични содржини