Брисел е “вознемирен од растечкиот спектар на можности и подготвеноста на различни институции и лица на државни и недржавни ниво да ги извршуваат своите цели преку малициозни сајбер напади”, велат во заедничката изјава министрите за надворешни работи на земјите од заедницата.

Предвидено е да биде подготвен рамковен документ, кој ги наведува можностите за дипломатски и правни реакции кај овој тип на криминал – вклучувајќи воведување на санкции.

Во изјавата на министрите се наведува дека тој ќе стане дел од вкупниот приод на земјите од заедницата кон кибердипломацијата. Негова главна улога е да се поддржи превенцијата на конфликти, реагирање при закани и зајакнување на стабилноста во меѓународните односи.

Се наведува дека државите од заедницата може да наметнат рестриктивни мерки, при утврдување на сајбер напади, пропорционални на нивната должина и големината на нанесените штети.