📸📽 Пожар во фабрика кај Москва, произведувала панцири и шлемови за војниците на Путин

од Stefanija Kuzmanovska

Пожар избувна рано утринава во фабрика во близина на Москва која произведува панцири и шлемови за војниците на рускиот претседател Владимир Путин.

Британски „Дејли Мејл“ ги пренесува изјавите на медиумскиот сервис „Меш“ дека фабриката била во сопственост на „Гавари груп“, компанија која е под украински санкции поради поврзаноста со војната во таа земја.

Се наведува дека руската полиција истражува дали се работи за саботажа и намерно палење на пожарот.

Пред пожарот во фабриката во Обухов, московските власти немаа информации за беспилотни летала насочени кон неа, што исто така може да предизвика пожар.

Се наведува дека пожарот уништил околу 8.000 метри квадратни производствен погон и магацин.

Во гаснењето на пожарот учествувале повеќе од 100 пожарникари кои се обиделе да ја спасат производната лента.

Се наведува дека, според извештаите, оваа фабрика произведувала голем број производи на база на полимер, но дека нејзината клучна улога била поврзана со производството за воени потреби, односно панцири, шлемови, заштитни обувки и други предмети.

Затоа беше под санкциите на Киев.

Се наведува дека по пожарот нема жртви, бидејќи работниците успеале да побегнат од фабриката пред пожарот целосно да ја зафати.

Британскиот весник наведува дека експлозиите и пожарите во стратешките објекти, вклучително и фабриките за производство на оружје и опрема, складиштата за нафта и гасоводите станаа редовна појава во војната меѓу Русија и Украина, која трае речиси 23 месеци.

Слични содржини