📽 Индија: Најмалку 13 загинати и 50 повредени во стравичен СУДИР НА ДВА ВОЗА

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 13 лица загинаа, а околу 50 се повредени откако два патнички воза се судриле во неделата вечерта во индиската сојузна држава Андра Прадеш, јави Би-Би-Си.

Властите соопштија дека прелиминарната истрага покажала дека несреќата во областа Визијанагарам се должи на „човечка грешка“.

Премиерот Нарендра Моди изрази сочувство и рече дека е во контакт со министерот за железници.

Официјални лица соопштија дека три вагони на патничкиот воз, на релација Висахапатнам – Паласа, излетале од шините околу 19 часот по локално време, откако се судриле со друг воз.

Возот застанал на шините „поради пукнат надземен кабел“ кога друг патнички воз кој сообраќал на релација Висахапатнам-Рајагадеа налетал на него одзади, изјави претставник на железницата за „Ројтерс“.

Стотици амбулантни возила, лекари, медицински сестри и спасувачки персонал биле испратени на местото на настанот за да ги спасат патниците и да ги извлечат телата.

Бисвајт Саху, шеф за односи со јавноста за железницата на источниот брег, рече дека судирот бил предизвикан од „човечка грешка“.

Тој додаде дека 33 воза биле сопрени да сообраќаат, а други 22 биле пренасочени по несреќата. Претставниците на железницата очекуваат пругата да биде ослободена за сообраќајот да продолжи до понеделник навечер.

Индија има една од најголемите железнички мрежи во светот, која ја користат милиони патници секој ден, но голем дел од железничката инфраструктура треба да се подобри.

Слични содржини